„Меѓаши“ бара МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата
Foto

„Меѓаши“ бара МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата

Бесплатно тестирање за сите ученици и персоналoт  во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на коронавирусот бараат од Првата детска амбасада Меѓаши. Велат децата се со часови на настава под маски, но надвор комуницираат без нив. 

Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека ресорното министерство не одлучува за бесплатни тестови  во училиштата. Уверува протоколите се почитуваат, а нови насоки може да даде само Комисијата за заразни болести.

Според анализите околу  0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19, а истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. 

Од Министерство за здравство велат дека  тестирања ќе има секогаш кога ќе има индикација за вирусот. 

„Индикацијата ја поставува лекар епидемиолог, бидејќи епидемиолошката анкета го дава најрелевантниот податок кој и кога треба да се тестира.“ - велат од МЗ. 

Народниот правобранител отвори предмет како се одвива наставата во услови на пандемија. До нив стигнале поплаки и претставки од ученици и родители кои се пожалиле дека не се почитуваат целосно протоколите. 

„Да се разгледа можноста часовите  да се реализираат во пократок временски период, за сметка на одморите помеѓу часовите кои треба да бидат зачестени и со зголемено времетраење. Веднаш да се преземат мерки и дејствија за обезбедување образовни и лични асистенти за инклузираните ученици со попреченост.“ - се вели во соопштението на Народниот правобранител. 

Инаку, бесплатни тестирања на учениците од 6 до 12години има во Грција, а за тие над 12 години, тестирањето се наплаќа.

0 Коментари

Остави коментари