„Матица македонска“ отвори книжарница-галерија
Foto

„Матица македонска“ отвори книжарница-галерија

Книгоиздателството „Матица македонска“ отвори книжарница-галерија во центарот на Скопје, спроти плоштадот „ВМРО“.

Салонот е конципиран за љубителите на книгата и на ументоста да им овозможи да се информираат за најзначајните лектирни изданија за основно и средно образование, како и за најновите дела на познати македонски и светски писатели.

„Посебно место заземаат изданијата објавени на македонски и на англиски јазик за македонската историја и фолкор, за народните носии, везови и накит, потоа за македонските манастири и цркви, за познатите резбарски центри и соборни храмови, како и монографски книги за Македонија, Скопје и Старата скопска чаршија, Охрид, Свети Наум Охридски, Курбиново“ - велат од „Матица“.

0 Коментари

Остави коментари