Масовно труење на кучиња бездомници во Охрид
Foto

Масовно труење на кучиња бездомници во Охрид

Повторно ескалираше ситуацијата со кучињата бездомници во Охрид откако вчера доцна попладнето на среде бел ден на градскиот плоштад со силниот отров "ланате" беа усмртени неколку кучиња. Непознат сторител го фрлил отровот во паркот, а кучињата го имаа расфрлано низ целиот плоштад. Овој нецивилизиран чин, наиде на остра осуда од охриѓани, но и од здружението „Анималија“.

Остра критика за настанот и глетката која беше многу непријатна за минувачите упатија и од општинскиот штаб на Вмро Дпмне.

Градоначалникот вели труењето на бездoмните животни било со тенденција да се наруши неговиот углед и угледот на градот со дополнителна намера да се собере плус некој политички поен додека неговиот заменик јавно го осуди чинот на труење со ветување дека општината ќе се заложи што поскоро да го пушти во работа стационарот на Мауцкер.

Проблемот со кучињата скитници во градот се провлекува со децении.Колку што расте бројот на кучиња толку се повторува и чинот на нивно труење. Стационарот иако е делумно решение за проблемот е подготвен но не може да проработи поради воведениот мораториум поради кој не може да биде издадена соодветната дозвола потребна за негва активација.

0 Коментари

Остави коментари