Масовен скриниг на вработените од штипската конфекција
Foto

Масовен скриниг на вработените од штипската конфекција

Сите стотина вработени од штипската конфекција каде има заболени од корона вирус ќе се тестираат. Во масовниот скрининг што го најавуваат од Министерството за здравство ќе бидат опфатени и работничките од другите две конфекции кои на работа оделе со ист автобус како заразените. Ова е заедничка одлука на општинскиот кризен штаб и здравствените работници.

За да се спречи ширењето на вирусот од Центарот за јавно здравје објавија и задолжение за сите оние кои на работа до конфекцијата оделе со ист автобус, но и за сите што користат ваков превоз до работа.   

Овие граѓани при појава на првите симптоми на болеста (кашлица, главоболка, покачена телесна температура, затнат нос, болка во грлото, треска, губење на чувството за вкус и мирис), задолжително да останат во самоизолација и да се јават на својот матичен лекар. Истите, по извршена епидемиолошка анкета ќе добијат упатства за тоа дали ќе бидат тестирани за COVID-19 и кога, се вели во задолжението на Центарот за јавно здравје-Штип.

Епидемиолозите сметаат дека со ставањето во изолација на 153 лица  ќе се затвори кругот и ќе се спречи ширењето на вирусот. Од вчера активистите на Гласен Текстилец почнаа да ги фотографираат автобусите во кои се превезуваат работниците.

На оделението за инфективни болести во Штип до денес се хоспитализирани 11 пациенти. Сите се со стабилна клинилка слика.

0 Коментари

Остави коментари