Мас: Терористичките групи може да провоцираат војна меѓу САД и Иран
Foto

Мас: Терористичките групи може да провоцираат војна меѓу САД и Иран

Иран нема интерес да дојде до ескалација во односите со САД, но ако се случи тоа, јасно е дека ќе се брани, порача иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф во интервју за Си-ен-ен. Шефот на иранската дипломатија оценува дека, доколку Иран одговори, последиците за Соединетите држави ќе бидат сериозни.

Сигурно е дека ќе има болни последици за сите, доколку дојде до ескалација на тензиите што САД ги наметнува врз Иран. Треба да бидеме исклучително внимателни, а веруваме дека Соединетите Држави играат многу опасна игра.“ - изјави Мухамед Џавад Зариф- Министер за надворешни работи на Иран.

Истовремено, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, уверува дека САД не сака војна со Иран, напротив, сака да одврати агресија од Техеран.

„Ние не сакаме ситуацијата да ескалира. Се работи за заплашување, а не за војна. Ние не сакаме да одиме во војна. Се работи за продолжување на заштитата на нашите интереси на Блискиот Исток.“ - изјави Мајк Помпео – Државен секретар на САД.

Во однос на превирањата меѓу САД и Иран, германскиот шеф на дипломатијата, Хајко Мас оценува дека ситуацијата на Блискиот Исток е исклучително опасна, и предупреди дека терористичките групи може да ги зголемат тензиите меѓу САД и Иран како можност за провоцирање војна меѓу двете страни

„Тоа е регион во кој терористичките групи се активни. Терористите можат да нападнат за да ескалира напнатоста и да предизвикаат војна. И нема да бидат само САД и Иран кои ќе учествуваат во таа војна, туку целиот регион ќе потоне во пламен.“ - изјави Хајко Мас – Министер за надворешни работи на Иран.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се интензивираа откако САД минатата година се повлекоа од меѓународниот нуклеарен договор и ги обновија санкциите кои предизвикаа криза во иранската економија. Со тој договор со САД, Русија, Кина, Британија, Франција, Германија и ЕУ, Иран се согласи да ги ограничи активностите за збогатување ураниум, а за возврат му беа укинати дел од меѓународните санкции.

САД пред две недели испратија носач на авиони во Арапскиот Залив поради наводна, сѐ уште недефинирана закана од Иран, а американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран ќе се соочи со „официјален крај“ ако повторно му се закани на Вашингтон.

 

0 Коментари

Остави коментари