Марковиќ за тв 24: Секоја партија се грижи само како да дојде на власт
Foto

Марковиќ за тв 24: Секоја партија се грижи само како да дојде на власт

Професорот Ненад Марковиќ во гостувањето во отвореното студио на 24 анализа, истакна дека на изборите ќе има ниска излезност, зошто луѓето ќе се плашат и во јули и во август и под 50%. Смета дека партиите во нивните изјави дека се грижат за граѓаните, се должат само на нивната желба да дојдат на власт. На изборите би изгледле само партиските симпатизери.

„Секоја партија реално само сака да дојде на власт, а не да се грижи за граѓаните. На овие избори, ми се чини дека партиите како да не сакаат да победат. Партиите премеруваат во кој дел од летото ќе имаат најголеми шанси да победат, кога е тој оптимум на гласови што може да го добијат, кога е минумумот на гласови што ќе ги добие другата партија и врз база на тоа ги прават пресметките. Епидемиолошката ситуација не ја ставаат на маса. Тоа е една флускула која ја кажуваат. Се знае на кого му одговараат брзи, а не кого подоцнени избори и се знае зошто. И така ги предизвикуваат луѓето уште помалку да излезат на избори.“ - вели професорот Марковиќ.

Потенцираше дека ние во најтежок момент сме останале без Собрание и во тоа време ни се случли и врвот на епидемијата.

0 Коментари

Остави коментари