МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ ГО ЧЕКА ЏАФЕРИ, НО И 80 ГЛАСА
Foto

МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ ГО ЧЕКА ЏАФЕРИ, НО И 80 ГЛАСА

Пратеничкиот мандат на екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе го чека собранискиот спикер Талат Џафери.

И 6 месеци по бегството Груевски се уште се води како пратеник во македонското собрание, а поради службеното патување на Џафери, иницијативата за одземање на мандатот на Груевски, кој во меѓувреме остана само без пратеничката плата и натаму не е стигната до Комисијата за мандатно имунитетни прашања, потврди претседателот на комисијата, кој посочи дека тие се подготвени, но го чекаат барањето.

Според Деловникот на Собранието, поради шест месечно неоправдано отсуство на седници од страна на Груевски, откако Џафери ќе достави барање до комисијата, ќе се одлучува дали Груевски ќе го изгуби статусот на пратеник или не.

За одземање на мандатот потребно е Собранието да собере двотретинско мнозинство. Дали 80 пратеници ќе гласаат за одземање на мандатот на екс премиерот останува да се види.

ОД ВМРО-ДПМНЕ велат прво да се закаже седница, па потоа ќе се координираат. Сличен одоговор добивме и од 8 -темина пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, чии гласови беа пресудни за уставните измени, велат тие допрва ќе одлучуваат кој ќе биде нивниот став по ова прашање.

И додека дел од пратениците го чекаат собранискиот спикер, преку социјалните мрежи се огласи неговата заменичка Фросина Ременски. Потпретседатлката на Собранието побара одговорност не само од пратениците кои треба да ја донесат конечната одлука за пратеничкиот статус на Груевски, туку и од Обвинителството и Врховниот суд.

„Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа "за". Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд - ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна.“ - изјави Фросина Ременски – Потпретседател на Собрание.

Како избега Груевски од земјава и натаму е енигма. Истрагата која ја води обвинителството не дава брзи одговори, па тој останува на слобода во Унгарија како азилант. Засега фотографијата на екс премиерот стои само на сајтот на македонското министерство за внатрешни работи во делот на лица по кои се трага, но бидејќи е познато дека е политички азилант во Унгарија, обвинителството пред два месеци побарало од меѓународна полициска организација да распише потерница но оттаму добиле негативен одговор и без образложение.

Груевски беше осуден на казна затвор во трење од 2 години за блиндираниот мерцедес, а СЈО се надева дека Врховниот суд ќе даде негативно мислење за жалбите од адвокатите и нема да му ја укине затворската казна.

0 Коментари

Остави коментари