„Маневар на Петков да си купи време, да го намали притисокот, така изгледаше посетата на Петков, шизофрено е да велите дека нема македонско малцинство во Бугарија, а овде да доаѓате со пријателски тонови, а имате историски факти дека има македонско малцинство таму. Сакаат да се намали притисокот врз Софија, што е тоа 5+1, фудбал на мали голчиња, 99% од граѓаните кај нас не знаат што е тоа. Едно нешто е факт - СДСМ со Ковачевски и 2016. и 2020. настапија со програма, добија поддршка, никаде во програмата не стои она што тие го преговараат. Мандатот го даваат граѓаните на избори. Досега имавме една историска комисија, сега ќе направат 5-6, кога сакате нешто да не се реши, направете комисии. Јас сум за членство во ЕУ, но што тоа ќе донесе бенефит сега за земјава“ - вели универзитетскиот професор Самоил Малчевски во Студио 10 на ТВ24.
0 Коментари