„МАЛ ШЕНГЕН“ НА БАЛКАНОТ – ДОГОВОР МЕЃУ ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМА
Foto

„МАЛ ШЕНГЕН“ НА БАЛКАНОТ – ДОГОВОР МЕЃУ ЗАЕВ, ВУЧИЌ И РАМА

До крајот на 2021 година граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да ги поминуваат сите граници само со лични карти, предвидува договорот за таканаречениот мал шенген потшишан денеска во Нови Сад, меѓу премиерите Заев и Рама и претседателот Вучиќ. Српскиот претседател вели дека камионите на западниот балкан губат 26 милиони часови годишно чекајќи на границите, и овој договор ќе предизвика големи заштеди. Малиот шенген не е замена за Европската унија додаде Вучиќ.

– Ќе воспоставиме правила и кога ќе постои систем ќе можат да се приклучат и другите земји од балканската шесторка, со сите разлики кои постојат околу статусот на Косово. Ова е од суштинско значење, бидејќи ако луѓето ги остават емоциите на страна ќе имаме исклучителни резултати за нашите граѓани. - Александар Вучиќ, претседател на Р.Србија.

Македонскиот премиер Заев вели дека не било тешко да се разговара со партнерите од Европската унија, но дека е време и земјите од регионот да направат нешто сами за својот интерес.

Премиерот на Албанија Еди Рама вели дека иницијативата е направена без влијание на Брисел, бидејќи во целиот регион треба да се забрза развојот.

– Јасно ставивме до знаење дека нема да стоиме во место и да не правиме ништо, ќе направиме се што е во наша моќ за сите земји во регионот а не само за овие три. Цел ни е да бидеме дел од поголемото европско семејство, но додека тие имаат свои проблеми ние не може да бидеме заложници на минатото или на некои несогласувања. - Еди Рама, претседател на владата на Р.Албанија.

Инаку на конференцијата за медиумите секој од лидерите зборуваше на својот мајчин јазик. Кога почна обраќањето на Еди Рама на албански дојде до мал застој, бидејќи прво се преведуваше на српски па на албански јазик. На ова Рама искоментира дека сеуште ни е потребен англискиот меѓу нас, и продолжи со обраќањето.

0 Коментари

Остави коментари