Македонските одбојкари подобри од Шведска во првиот меѓусебен тест натпревар
Foto

Македонските одбојкари подобри од Шведска во првиот меѓусебен тест натпревар

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Шведска со 3:2 (18:25, 25:11, 25:13, 14:25, 16:14) вчеравечер во Скопје во првиот од двата контролни мешусебни дуели.

Вториот дуел двете селекции ќе го одиграат утре, исто така во СРЦ Кале.

Овие мечеви се во рамките на подготовките за Европското првенство во Словенија кое почнува на 12 септември.

0 Коментари

Остави коментари