Македонските каратисти со медал се враќаат од СП во Чиле
Foto

Македонските каратисти со медал се враќаат од СП во Чиле

Македонскиот каратист Бојан Костов го освои третото место и бронзениот медал на 11. Светско карате првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа од 23 до 27 октомври во Чиле.

Костов во категоријaта -52кг повторно до медал дојде по победите над натпреварувачи од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето беше 0-0, но по судиското изјаснување подобар беше противникот од Јордан, кој освои златен медал.

Висок пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал и заврши како 5-ти.

Во конкуренција на помлади сениорски (У21) Ангела Мојсовска во категоријата -68кг исто така го освои петтото место.

Вероника Костовска победи во првите три рунди, по што загуби од Русинката Ана Родина со 7:1 која не уепеа да влезе во финалето, а со тоа Костовска не доби шанса да учествува во репасаж во борба за медалите.

Другите македонски каратисти имаа симболичен настап.

0 Коментари

Остави коментари