Македонските фудбалери со прогрес од едно место на најновата ФИФА ранг листа
Foto

Македонските фудбалери со прогрес од едно место на најновата ФИФА ранг листа

Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од едно место на ФИФА ранг-листата објавена денеска и сега се наоѓа на 68-то место.

Прогресот на Северна Македонија се должи на победата над Словенија во октомврискиот прозорец од квалификациите за ЕУРО 2020.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на октомвриското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска – на 21. место, Австрија е 25-та, Словенија се наоѓа на 65. позиција, Израел е 89-ти, додека Летонија е 143-та.

Противникот на Македонија во плеј-офот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово е на 114. место..

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Уругвај, Португалија, Хрватска, Шпанија Аргентина и Колумбија.

Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го изврши на 28 ноември.

0 Коментари

Остави коментари