Македонските фудбалери до 19 години во тешка група за ЕП2020, со Шпанија, Белгија и Бугарија
Foto

Македонските фудбалери до 19 години во тешка група за ЕП2020, со Шпанија, Белгија и Бугарија

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години доби тешка група во елитните квалификации за Европското првенство во 2020-та. Носител во нашата група 2 е актуелниот европски првак Шпанија, тука се и Белгија и Бугарија.

На Европско првенство се пласираат само првопласираните селекции од седумте групи, а шампионатот се одржува во Северна Ирска, во јули.

Македонија се пласира во овој таканаречен елитен сегмент, откако ги мина прелиминарните квалификации, во група со Англија, БиХ и со Луксмбург. Покрај оваа, денеска во Нион се одржа и друга жрепка за репрезентациите до 19 години, но практично за момците кои сега се по 18 години, а ќе се борат за пласман на Европското првенство во 2021-ва.

Во прелиминарните квалификации, Македонија ја доби групата со Чешка, Данска и со Албанија, а квалификацискиот турнир е закажан за октомври 2020-та во Чешка. Нова задача добија и македонските фудбалери до 17 години, со својата претквалификациска група за Европското првенство во 2021 година. Ќе играат со Германија, Полска и со Малта.

0 Коментари

Остави коментари