Македонските екипи во Лига Европа ги добија своите противници во квалификациите
Foto

Македонските екипи во Лига Европа ги добија своите противници во квалификациите

Македонските екипи кои ќе настапат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа, попладнево ги дознаа противниците за 1. коло.

На денешната ждрепка во Нион, Шкендија и Шкупи, исто како и Силекс кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе се сретнат со екипи од Азербејџан, додека Ренова доби ривал од Ерменија.

Двојки:

Шкендија – Сумгајт

Шкупи – Нефчи

Ренова – Алашкерт.

Трите македонски екипи ќе ја имаат улогата на гостин, а дуелите ќе се играат или на теренот на противникот или на неутрален терен.

Сите натпревари ќе се играат на 27 август.

0 Коментари

Остави коментари