Македонскиот студент јаде по една банана месечно
Foto

Македонскиот студент јаде по една банана месечно

Со 3,5 милиони евра годишен буџет , на студентите кои домуваат во студентските домови им следува само една банана месечно и 1 кг свинско месо, реалноста во која се наоѓаат полесно ќе ја сварат со литро и половина јогурт, велат најновите анализи на младинскиот образовен форум. Уделот на буџетот во платите на вработените е двојно поголем од оној за трошоци за храна на студентите

Од младинскиот образовен форум информираат дека во периодот од 2015 до 2018 година се направени 193 договори за јавна набавка од кои 67 за храна. Сето тоа од таму велат, не е доволно за квалитетен и здрав студентски живот.

Според испитаниците, просечната оцена за генералниот квалитет на живот во студентските домови, на скала од 1 до 5, изнесува 2,93, просекот велат го подобрува новоизградениот дел во студентскиот дом Гоце Делчев. Лошите услови за живот во студентските домови, недостигот на простории за учење и недостатокот на спортски и културни активности се издвојуваат како главни полиња на интерес за студентите, станари.

Од друга страна, студентите кои денес ги затекнавме пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, го гоговорат спротивното од анализата на МОФ. За нив, условите во Кузман се одлични.

Мартина Илиевска која работеше на анализите за квалитетот на животот во студентските домови , вели дека корупцијата се уште е неискоренет проблем и се користат познанства и врски за подобри легла и услови, од испитаниците 57% познаваат некој кој преку врски и познанства добил студентско легло, односно подобро студентско легло 55% од испитаниците споделиле дека леглата се распределуваат по партиска припадност.

Во решавањето на проблемите и подобрувањето на квалитетот на животот во студентските домови, претставинците од МОФ побараа поголема вклученост на Министерството за образование и наука и на Владата на Македонија.

0 Коментари

Остави коментари