Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР
Foto

Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Македонскиот полициски синдикат преку соопштение побара да престанат политичките борби кои одат на штета на министерството за внатрешни работи и на довербата што граѓаните ја имаат во оваа институција.

„Се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторни без дијалог. Советници кои не припаѓаат на бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваат во организациски единици за кои не се надлежни и тоа создава збунетост кај вас. Токму во овие моменти на политички борби вие имате обврска да се издигнете над политиката и да не дозволите партиски влијанија да ве водат. Да не дозволиме оваа „техничка” ситуација во министерството да ги наруши капацитетите и довербата која граѓаните ја имаат во македонската полиција“- реагира македонскиот полициски синдикат.

0 Коментари

Остави коментари