Вечерва МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ со потписи на првите луѓе излегоа со заеднички манифест кој се однесува на македонско бугарските односи во него се вели следното:
- да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.
- да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности.
- да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право.
Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на он за правото на самоопределување и за човековите права и слободи;
- да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност;
- да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да се продолжи практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции, и
- да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава.
0 Коментари