Македонската челична индустрија е во слободен пад, производителите бараат помош од државата
Foto

Македонската челична индустрија е во слободен пад, производителите бараат помош од државата

Челичната индустрија очекува помош од Владата за да ги намали загубите што ќе следат со воведувањето на европските квоти за увоз на челик од следниот месец. Откако Македонија не успеа да издејствува да биде исклучена од мерките, од Здружението на челичната индустрија велат дека веќе доставиле барања до Владата и очекуваат преговори.

„Да видиме што бвладата има располагање како можност. напшиот систем нема нема некакви механизми за некој голем државен интервенционизам во вакви ситуации. Доколку сака оваа индустрија да остане во кондиција, треба да ги разгледува сите можности.“ - вели Митко Кочовски, претседател на Здружението на челичната индустрија при Комората.

Директните штети на компаниите ги проценуваат на 150 милиони евра. Покрај челичната индустрија, со мерките на Европската Унија штета ќе претрпи целата економија. Но, фабриките ќе продолжат со работа со намалено производство и нема да има отпуштање на вработени, зашто и така немаат доволно работници, велат од Здружението.

„Тоа е најголемиот хендикеп на оваа индустрија, нема други пазари, 60-70% од аутпутот на оваа индустрија оди во ЕУ. за нас е хендикеп во регионот што и Бугарија и Хрватска кои ни беа досега регионални пазари сега се во Унијата, па и тие продажби што таму одеа, сега се на удар на овие ограничувања.“ - вели Кочовски.

Мерките за ограничување на увозот на челични производи во ЕУ за наредните три години беа соопштени на 15 јануари. Тие се воведуваат како контра одговор на наметнатите царини од страна на САД.

0 Коментари

Остави коментари