Македонска премиера на „Отело“, босанско – македонска претстава
Foto

Македонска премиера на „Отело“, босанско – македонска претстава

Јазикот не треба да биде бариера во културниот свет, границите треба да бидат отворени за да и публиката и уметниците ги прошират видиците, со оваа теза младата режисерка Нина Николиќ го започна процесот на подготовка на копродукциската босанско - македонска претстатва „Отело“ , која својата премиерна изведба ја имаше на 16 ти ноември во Зеница, а оваа среда во 20,00 часот премиерно ќе биде изведена и на сцената на Македонскиот народен театар.

Изворниот Шекспиров јазик за оваа постановка добива радикални промени во јазикот и стилот , прилагодувајќи ги стиховиоте во проза адекватни на современиот говор, истакнувајќи ја актуелноста на Шекспировите драми во денешното живеење. Благодарение на одличната соработка на режисерката и драматургот Тамара Барачков направена е адаптација која одлично комуницира со младат публика.

За младата и талентирана актерка , Дарја Ризова , која е дел од оваа копродукција , можноста да игра во ваков проект, претставува начин на поврзување на различните културни сцени.

Овој меѓународен проект е копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Босанското народно позориште, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција, Скопје, во кој играат актери од двете земји, и тоа: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.

0 Коментари

Остави коментари