Македонска Каменица и Карбинци единствените општини од истокот на државата каде не се регистрирани случаи на ковид 19
Foto

Македонска Каменица и Карбинци единствените општини од истокот на државата каде не се регистрирани случаи на ковид 19

Дистанца, носење маски и седење дома. Тоа е рецептот со кој рударската општина Македонска Каменица успеа досега да нема ниту еден заболен од коронавирус. Жителите велат дека за тоа клучна е нивната дисциплина. Ги почитуваат правилата, а излегуваат само до продавница. вирусот ги плаши, сметаат дека треба да се биде внимателен, но и да се почека со олабавување на мерките. 

Од општината велат дека граѓаните на Македонска Каменица се пример како треба да се однесуваат сите во време на светска пандемија.

Градоначалничката Соња Стаменкова тврди дека и тие како општина ги преземаат сите мерки: дезинфицираат улици, паркови и детски игралишта. Набавуваат заштитна опрема од локални фирми, а имаат и посебна ставка од буџетот за справување со здравствена криза. 

Главниот предизвик за оваа општина сепак ќе биде отворањето на границите, најавено за15-ти јуни. Причина е што Македонска Каменица е печалбарски град и има над 1300 иселеници, но локалните власти се убедени дека нема причина за страв, ако се продолжи со почитување на мерките. 

Инаку Македонска Каменица и Карбинци се единствените општини од истокот каде нема регистрирано заболени од коронавирус. Во овој регион досега се евидентирани  осумдестина лица болни од КОВИД 19. Најголемиот дел веќе се излекувани, но тројца ја изгубија битката со корона вирусот.

0 Коментари

Остави коментари