Македонката Мади Крстевска се пласираше во финалето на „Voice“
Foto

Македонката Мади Крстевска се пласираше во финалето на „Voice“

Македонското девојче 19 годишната Мади Крстевска се пласираше синоќа во финалето на музичкото шоу „Voice“ во Австралија. За неа гласаа Бој Џорџ, Кели Роуланд, Гај Себастијан и Делта Годрем како членови на жири комисијата, кои воедно се и тренери на сите кандидати. Мади настапи со песната „За тебе сум роб“, а нејзин тренер беше Бој Џорџ. Тој и помагаше и за нејзината кореографија, а со свбојата маестрална изведба таа ги воодушеви сите присутни во салата и жири комисијата.

„Мади е потенцијална ѕвезда и тоа и го посакува“ - изјави Бој Џорџ.

„Не сум работела ваква кореографија и има многу елементи и е навистина тешка изведба“ - изјави Меди пред настапот.

0 Коментари

Остави коментари