МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ, ВЛАСТА СЕ ПРАВДА - ЗА 2,3 ГОДИНИ НЕ МОЖЕЛО ДА СЕ ПОСТИГНЕ УСПЕХ
Foto

МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ, ВЛАСТА СЕ ПРАВДА - ЗА 2,3 ГОДИНИ НЕ МОЖЕЛО ДА СЕ ПОСТИГНЕ УСПЕХ

Оџаците на болниците и оваа грејна сезона ќе го загадуваат воздухот. Гинеколошката болница во скопски Чаир, општата болница во Куманово и во Струмица се уште се греат на мазут, иако според најавите на надлежните требаше досега да се гасифицираат. Министерот за здравство тврди дека пари имаат обезбедно, но не кажува кога ќе почне промената на системите за греење.

- „Заврши постапката за чаирската болница, договорот е веќе склучен и градежните работи треба да започнат на терен во периодот кој што следува. Во однос на кумановската болница имаше спремен проект, кој што требаше да се модифицира од технички аспект заради новиот ургентен центар, заради тие нови приклучоци, тоа е сега при крај, имаме обезбедно средства и веднаш кога тоа технички ќе се среди ќе можеме да ја почнеме постапката“. - – Венко Филипче – Министер за здравство.

Од кумановската и од чаирската болница за ТВ24 потврдија дека тие навреме си ги завршиле обврските, изготвиле и проект и се останато што е потребно за гасификација уште пред две години и дека уредно реагирале до Владата и до министерството за здравство.

- „Треба сите да си понесеме дел од одговорноста, јас можам да кажам дека сум ги презела ситемерки што се во моја надлежност. Мое беше да направам план односно проект, во 2017та ја завршивме реализацијата на проектот и во електронска форма е доставен до Министерството за здравство“. – Д-р Снежана Захариева – Директорка на Општа Болница Куманово.

Но не се само болниците. На мазут се греат и студентски домови и детски градинки и други државни објекти. Заменик министерот за животна средина минатата зима уверуваше дека институциите ќе ги сменат системите за греење со цел да се намали загадувањето.

Од министерството денеска велат дека замена на нееколошките системи за греење е направена во неколку објекти, но засега се е во фаза на имплентација.

- „Во тек е подготовка на документација за јавна набавка за замена на системот на греење на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. Во однос на замената на системот за греење на болницата во Струмица, Советот на Општината треба да ја донесе Одлуката за префрлување на средствата на ЈП “Струмица – Гас” , по што треба да се објави јавна набавка. Во постапка на тендерирање се и 17 објекти од 8 општини, а ќе се ретендерираат останатите објекти од 11 општини.“ – Министерство за животна средина и просторно планирање

Од владата пак тврдат дека сериозни проекти против загадувањето се веќе во тек и дека државата одвојува големи средства за оваа намена. Сепак се правдаат дека не може за две три години не може да се постигне успех. Мерните станици на МЖСП пак и денеска покажуваат високо загадување во Скопје, Тетово и Куманово.

0 Коментари

Остави коментари