Македонија првпат на заедничка маса со сите членки на НАТО, ќе се одлучува за мерки против коронавирусот
Foto

Македонија првпат на заедничка маса со сите членки на НАТО, ќе се одлучува за мерки против коронавирусот

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг го најави дневниот ред на утрешниот министерски совет, кој за првпат ќе се одржи на видео-конференција помеѓу триесетте земји сојузнички.

На состанокот полноправно ќе учествува и Северна Македонија. Ќе ја претсатвува шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. 

Главна тема на агендата на утрешниот состанок ќе биде дискусијата за пандемијата на вирусот Ковид-19, во рамки на која се очекува министрите за надворешни работи да ги разгледаат можностите за преземање заеднички конкретни мерки и активности во справувањето со овој глобален предизвик, соопштија од Министерството.

0 Коментари

Остави коментари