Македонија против Јапонија го почнува настапот на 26. СП во ракомет
Foto

Македонија против Јапонија го почнува настапот на 26. СП во ракомет

Со денешниот натпревар против Јапонија во 15.30 часот, машката ракометна репрезентација на Македонија го почнува својот настап на 26тото Светско првенство кое до 27 јануари ќе се одржува во Германија и Данска.

Селекторот Раул Гонзалез ги одреди 16-те ракометари кои ќе го поделат мегданот со самураите. Третиот голман Златко Даскаловски и третиот пивот Милан Лазаревски својата шанса ќе ја чекаат на наредните натпревари.

На досегашните пет учества на светските првенства Македонија има 100% ефект во четирите дуели со репрезентации од Азија. Според моментниот квалитет, традицијата треба да продолжи и попладнево во Минхен. Правдата ќе ја дели судиската двојка Чешка, Хорачек - Новотни. Во другите средби од нашата група, денеска ќе играат Исланд-Хрватска и Бахреин- Шпанија.

0 Коментари

Остави коментари