Македонија ќе го потпише пристапниот протокол за НАТО на 6 февруари
Foto

Македонија ќе го потпише пристапниот протокол за НАТО на 6 февруари

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека на следнава недела ќе се одржи церемонијата на потпишување на пристапниот документ за членство на Македонија во Алијансата.

„На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол со идната Северна Македонија заедно со МНР Димитров “ , напиша Столтенберг на Твитер.

Откако дваесет и деветте амбасадори на земјите- членки ќе го потпишат протоколот, Македонија ќе може да учествува во сите „клучни формати“ на северноатлантскиот совет. По ратификацијата на Преспанскиот Договор во Македонија, и потоа во Грција, е отстранета последната пречка за зачленувањето на земјава во Северноатлантската Алијанса, речиси единаесет години по грчката блокада на Самитот во Букурешт, во април 2008.

0 Коментари

Остави коментари