МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ОСТАНУВААТ ВО ПАКЕТ И СО НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕУ – БРИФИРААТ ДИПЛОМАТСКИ ИЗВОРИ
Foto

МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ОСТАНУВААТ ВО ПАКЕТ И СО НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕУ – БРИФИРААТ ДИПЛОМАТСКИ ИЗВОРИ

Македонија и Албанија остануваат во ист пакет и со новата методологија на Европската Комисија, брифираат за тв 24 европски дипломатски извори. Според нив официјален Париз нема да се согласи на паралелен процес, туку најпрвин усвоена методологија, па датум. Трката со времето е да се стигне Европскиот Совет во март.

Документот кој треба да се објави на 29 јануари ќе донесе и поголем притисок врз оваа двојка за носење на закони но и поинтензивни економски реформи. Конкретно за Албанија, Комисијата бара и соодветно решение за спречување на албанската миграција во Франција – на тој начин би го задоволиле Макрон, да ја крене рамката за старт на преговори во најбрз можен рок.

Новата методологија ќе содржи и 4 карактеристики – прифатени од францускиот нон пејпер:

- кредибилитет на процесот и кластер на поглавја кои ќе се имплементираат во исто време
- поголем политички мониторинг, кој ќе резултира со реализирање на Самит на Балканот со ЕУ, секоја година
- забрзување на процесот со помош од дополнителни финансиски ресурси
- предвидливост и реверзибилност на процесот - доколку нема напредок и строго почитување на критериумите

Според извори од Брисел, Оливер Вархеи од Скопје и Тирана замина со конкретни заклучоци за тоа што треба спакува Комисијата, а тимот на Урсула Фон Дер Лајен веќе ги утврдил голем дел од точките од нацрт- документот.

Во меѓувреме треба да се изготви и мини извештај за Македонија и Албанија кој ќе биде објавен во февруари. Дополнително земјите-членки ќе треба да ја усвојат новата методологија до март, за да има одлука на следниот Европски Совет кој е за два месеци.

Македонија ќе треба да си ја заврши и домашната задача – да го донесе законот за ЈО но и да спроведе успешни предвремени парламентарни избори. На тој начин на Самитот во Загреб во мај ќе има цврсти аргументи зошто треба да биде дел од европското семејство.

0 Коментари

Остави коментари