Македонија е „Ел Дорадо“ за крадците на дрва
Foto

Македонија е „Ел Дорадо“ за крадците на дрва

Дали Владата нуди популиситички мерки кога се ближат избори или навистина е загрижена за чистиот воздух што го дишат граѓаните. На денешната прес конференција на која премиерот најави дека со 10 милиони евра државата ќе ги субвенционира граѓаните за купување на инвертер клими, властите презентираат фрапантни податоци.

Дури 40% од дрвата што ги горат домаќинствата доаѓаат од дрвокрадци. Или во бројки, земјата годишно троши 1.100 000 метри квадратни дрва, од нив 500 000 се украдени. Дали Владата е сериозна во борба за почист воздух, кога дозволува шумите да исчезнуваат заради нечие лично богатење. Премиерот се правда дека бројките биле стари.

Субвенциите за инвертер клима ќе ги дава државната ЕСМ и ќе важи за домаќинствата во оделни зони во општините Битола, Кичево, Тетово и Скопје. Граѓаните ќе добијат ваучер од 1000 евра и сами ќе си купат клима, а за возврат ќе треба да ја врата печката на дрва. Предност ќе имаат домаќинствата со вкупни примања до 30 000 денари. Оваа мерка не е ретроградна и не важи за тие што веќе сами си купиле клима.

Државната компанија ЕСМ деновиве ќе соопшти кога точно ќе биде објавен јавниот конкуст за аплицирање и во кои продавници ќе важат ваучерите за клими.

0 Коментари

Остави коментари