Македонија доби „Премиум“ деловен центар
Foto

Македонија доби „Премиум“ деловен центар

Мак Аутостар компанијата инвеститор, на јубилејот на 25 години од своето постоење и официјално го пушти во употреба новиот деловен центар Премиум, наменет за изнајмување работен простор, кој се простира на 7 спрата со вкупна корисна површина од 12.000 м2 и подземен паркинг простор на 3 нивоа од 5.000 м2.

„25 години стоиме зад мислата, чувствувајте се како дома во Вашата канцеларија. Оваа идеја сакаме да ја споделиме со другите компании, градејќи објект во вредност од над 10 милиони евра, каде што во најсовремени услови ќе може да се гради својот бизнис“, изјави генералниот директор на Мак Аутостар, Зоран Марковски.

На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, заменикот германскиот амбасадор во нашава земја Ото Граф, како и бројни претставници на бизнис заедницата и медиумите.

Објектот кој се наоѓа пред салонот на Мерцедес во Скопје, нуди извонредни работни услови, граден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина. Огромна предност кај овој објект е неговата внатрешна функционалност, односно можноста за флексибилно внатрешно уредување според желба на компанијата.

Освен извонредната функционалност, деловниот центар Премиум, нуди и значителна заштеда на енергија, како и поголема еколошка одржливост. Во таа насока, како извор на греење и ладење на објектот се користат топлински пумпи кои овозможуваат истовремено греење или ладење на различни простории. 

Стаклата на прозорците овозможуваат висока пропустливост на светлина, а ниска спроводливост на топлина и заштита од УВ зрачење. 

Исто така, деловниот центар Премиум нуди и фитнес сала, која располага со 15-тина најсовремени справи, а во план е отворање и современ панорамски ресторан само за вработените во деловниот центар.

Имајќи го предвид капацитетот на објектот, како и актуелниот проблем со паркирањето во нашиот град, особено внимание е посветено токму на ова прашање, поради што објектот располага со подземна гаража на 3 нивоа, со капацитет од вкупно 130 возила, како и надворешен паркинг за 60 возила.

0 Коментари

Остави коментари