Македонија доби 68,6 милиони евра за втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија
Foto

Македонија доби 68,6 милиони евра за втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија

Македонците ќе одат во Бугарија со воз за дури десет години. Од македонска страна железницата ќе биде готова до 2025 година, но на Бугарите ќе им бидат потребни уште дополнителни две години за да ја изградат и да ја поврзат со нашата. Парите за изградба на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, што Македонија ги доби на Самиот во Трст, пред година и пол, денес легнаа на сметка. Со овие, речиси 70 милиони евра неповратен гранд, ќе се бара изведувач кој следната година ќе треба да работи. Но за целосна изградба на втората делница од 34 километри потребни се вкупно сто педесет и два милиони евра.

„Ова е проект од економско значење кој ќе ја подобри нашата поврзаност со Бугарија и врските Балканот.“ - изјави Тевдовски, министер за финансии.

„Штом проектот ќе заврши, граѓаните од двата главни града Скопје и Софија ќе ја поминуваат далечината со воз, но што е уште поважно транспорот на стока ќе биде поевтин и полесен.“ - изјави Самуел Жбогар, евроамбасадор.

За третата фаза од Крива Паланка до бугарска граница, која ќе биде и најскапа поради конфиграцијата на теренот, досега се обезбедени 60 милиони евра. Предвидувањата се дека оваа делница ќе чини над 370 милиони евра, пари што Македонија дополнително треба да ги бара.

„Нивните обврски треба во целост да бидат звршени до 2027, а Македонија до 2025. Овие неколку години се статични.“ - изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Македонија чека 25 години да се поврзе до железница со Бугарија. Железницата беше напишана во изборните програмата и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Но со години сите влади речиси и да не одвојуваа пари ниту за да се заштитат направените мостови и тунели, чија штета поради неодржување, но и поради едностраниот прекин на работите изнесуваат околу 20 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари