Мајами и Ф1 начелно се договориле за трка во 2021
Foto

Мајами и Ф1 начелно се договориле за трка во 2021

Претставници на Формула 1 и на „Хард рок“ стадионот во Мајами, како промотор на овој проект, начелно склучиле договор за одржување на долго најавуваната трка во овој град, почнувајќи од сезоната 2021.

Првично беше планирана класична улична трка, покрај пристаништето во мајами, но наидоа на отпор кај локалците и на проблеми со добивање дозволи.

Според новиот договор, трката ќе се одвива главно околу стадионот „Хард рок“, за што ќе треба уште издавање дозволи, но очекуваат дека тоа би се одвивало глатко. Планирано е Мајами да биде вметнат во календарот некаде во мај 2021.

0 Коментари

Остави коментари