Магична победа на Милан против Јувентус, од 0:2 до 4:2 за едно полувреме
Foto

Магична победа на Милан против Јувентус, од 0:2 до 4:2 за едно полувреме

Во дерби натпреварот од 31. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат, Милан синоќа на домашен терен со пресврт го совлада Јувентус со 4:2, откако претходно губеше со 0-2. На полувреме беше 0-0.

За актуелниот шампион и лидер на табелата ова беше четврти пораз сезонава. И покрај загубените бодови, Јувентус е на со големи седум бода предност пред второпласираниот Лацио кој вчеравечер неочекувано загуби од аутсајдерот Лече.

Милан, пак, ја забележа 14. победа и се искачи на петтата позиција на табелата во Серија А која носи директен пласман во Лига Европа. Сепак, неговите конкуренти за 5. место, Рома и Наполи, денес треба да ги одиграат своите средби од ова коло.

0 Коментари

Остави коментари