Маџовски го има третиот најдобар гол ова коло во ЛШ
Foto

Маџовски го има третиот најдобар гол ова коло во ЛШ

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник загуби минимално од Татран Прешов (23-24) по исто сценарио како и досега, водеше во првото полувреме, па застана во вториот дел, а како за утеха на битолчани е „наградата“ за трет најубав гол во Лигата на шампионите на Давид Маџовски. Левото крило во репрезентацијата постигна мајсторски гол иако беше надвор од баланс, ама успеа да го матира голманот на словачкиот тим, а со тоа и си заслужи место во „топ петте“ голови што традиционално после секое коло ги објавува „ЕХФ ТВ“. Пред Маџовски на листата се прекрасните голови на Арон Палмарсон на второто место и цепелинот на Валентин Порт за Монпелје од еден крај на друг крај на теренот.

0 Коментари

Остави коментари