Мадрид ќе биде домаќин на глобалниот климатски самит на ОН
Foto

Мадрид ќе биде домаќин на глобалниот климатски самит на ОН

Глобалниот климатски самит на ОН следниот месец ќе се одржи во Мадрид, откако претходниот домаќин Чиле се откажа поради протестите во таа јужноамериканска земја.

Генералната секретарка на ОН за климатски промени, Патрисија Еспиноза изјави денеска дека е прифатена понудата на Шпанија да биде домаќин на годишната конференција од 2 до 13 декември.

Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера во средата истакна дека поради актуелните протести во земјата ги откажува плановите за организирање на два големи меѓународни самита. Тоа се самитот на АПЕК, кој треба да се одржи на 16 и 17 ноември и глобалниот собир за климатски промени од 2 до 13 декември. Пињера нагласи дека мора да се фокусира на обновување на безбедноста во државата по повеќенеделните протести, во кои загинаа најмалку десетина луѓе.

0 Коментари

Остави коментари