Луис Хамилтон е победник во Абу Даби
Луис Хамилтон е победник во Абу Даби во последната трка од Формула 1 шампионатот оваа сезона.
Новиот светски шампион ја заврши сезоната со 11 победи, а неговиот тим Мерцедес со 15 победи со оглед на тоа дека клупскиот колега Валтери Ботас придодаде четири први места.
Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет Шарл Леклер од Ферари.
Првите пет ги комплетираа Валтери Ботас од Мерцедес и другиот возач на Ферари, Себастијан Фетел.