Ловро Јотиќ е новото засилување за европскиот шампион Вардар
Foto

Ловро Јотиќ е новото засилување за европскиот шампион Вардар

Хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ (25) е најновата аквизиција на сеуште актуелниот европски ракометен шампион, Вардар.

Плејмејкерот лани беше во дресот на Еурофарм Пелистер, а тренер во битолската екипа му беше актуелниот предводник на „црвено-црните“, Стевче Алушевски.

За услугите на Јотиќ кој е повремен хрватски репрезентативец беше заинтересиран и Металург, но тој сепак се согласи на потпис со Вардар. Сопарник за местото во првиот тим ќе му биде Анте Гаџа. 

Вардар досега за новата сезона се засили со Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Вујин, Векиќ, Валчак и Гаџа.

0 Коментари

Остави коментари