Ливерпул го порази Сити со 3-1 во дербито на Премиерлигата
Foto

Ливерпул го порази Сити со 3-1 во дербито на Премиерлигата

Ливерпул го совлада Манчестер Сити со 3:1 во долгоочекуваното дерби на англиската Премиерлига, и нарави сериозен чекор кон освојување на шампионската титула.

Натпреварот беше контроверзен, гостите сигурно ќе имаат многу критики за судискиот критериум, бидејќи во две ситуации, бараа пенал за играње со рака, но не добија. При 0:0, во петта минута Сити бараше пенал, и во продолжение на акцијата, на другата страна Фабињо даде убав гол за 1:0.

Шокираните „граѓани“ седум минути подоцна примија уште еден гол кој го даде Салах, а нокаутот го зададе Мане во 51 минута. При 3:1, гостите бараа пенал при уште едно играње со рака, но не добија шанса да намалат на 2:3 и да внесат неизвесност.

Сега Ливерпул има девет бода предност во однос на актуелниот првак, а осум пред Челзи и Лестер.

0 Коментари

Остави коментари