Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивен на коронавирус
Foto

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивен на коронавирус. Тој на својот Фејсбук профил објави дека иако ги почитувал препораките, сепак се заразил со вирусот.

„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.

0 Коментари

Остави коментари