ЛИДЕРОТ НА ДУИ, АЛИ АХМЕТИ ЗНАЕЛ ДЕКА ЦЕЛИОТ ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ, А НЕ ДЕЛОВИ, ЌЕ БИДЕ ИСПРАТЕН ВО ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА
Foto

ЛИДЕРОТ НА ДУИ, АЛИ АХМЕТИ ЗНАЕЛ ДЕКА ЦЕЛИОТ ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ, А НЕ ДЕЛОВИ, ЌЕ БИДЕ ИСПРАТЕН ВО ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА

И лидерот на ДУИ – Али Ахмети го демантираше својот сопартиец, Артан Груби, кој како што рече знаел дека на мислење во Венецијанска ќе биде испратен само дел од Законот за јазици.

Првиот човек на интегративците – дециден – партијата знаеше дека целиот Законот за употреба на јазиците ќе биде испратен на мислење пред меѓународното експертско тело. А според Ахмети тоа било направено за да се намалат тензиите кај македонците.

„Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани“. - Али Ахмети – ДУИ.

Премиерот и денеска повторува – препораките на комисијата ќе ги почитуваме – насоките треба да ги даде работната група – формирана во Владата. Според првиот човек на Владата, доколу се менува Законот за јазици - актуелниот собраниски состав нема да стигне да ги вметне препораките. За премиерот Заев – останува отворена опоцијата и за имплементација на препораките преку други инструменти.

Венецијанската комисија во мислење ги повикува властите на Северна Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ најави амандамни за Законот – кој според нив кои пред се ќе ги содржат забелешките од Венецијанската комисија, но истите ќе бидат и во согласност со Уставот. Опозиционерите побараа поддршка не само од власта, туку и од опозициските партии од албанскиот блок – чии глас е важен, но таму засега не постои расположение за поддршка.

За усвојување е потребно Бадентерово мнозинство. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера изјави дека опозицијата има право да поднесе амадмани, но оти тие треба да се донесат со Бадентерово мнозинство, тој појаснува законот за употреба на јазиците е донесен со такво мнозинство и секоја измена соодветно се донесува со исто такво мнозинство.

0 Коментари

Остави коментари