Либискиот генерал Хафтар бара поддршка од Израел
Foto

Либискиот генерал Хафтар бара поддршка од Израел

Близок соработник на либискиот генерал Калифа Хафтар побара поддршка од Израел во војната против меѓународно признаената влада, истакнувајќи дека двете држави имаат заеднички интерес.

– Никогаш не сме били и никогаш нема да бидеме непријатели и се надеваме дека ќе не поддржите, изјави потпретседател на самопрогласената либиска влада во Тобрук, Абдул Салам ал-Бадри за израелскиот весник „Макор Ришон“.

Тој посочи дека Либија и Израел имаат заеднички интерес.

– Ердоган е терорист. На иста страна сме и идиотески би било да го игнорираме тоа, посочи ал-Бадри.

Иако во Либија нема голем број на Евреи, ал-Бадри ја спомна еврејската заедница во земјата, истакнувајќи оти низ историјата била засолниште на луѓето од сите вери.

– Имаме долга историја на контакти со народот на Израел и еврејската заедница, наведе ал-Бадри.

Додека „Ерусалим пост“ објави дека иако Израел и Либија немаат дипломатски односи, се шпекулира дека Израел заедно со Египет и заливските држави  ги поддржува силите на генерал Хафтар. Подолг период има наводи дека Израел ги обучува силите на Хафтар, а израелски вооружени системи се испратени во Либија.

Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.

Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.

0 Коментари

Остави коментари