Либанската Влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут
Foto

Либанската Влада поднесе оставка поради експлозијата во Бејрут

Протестите во Либан поради големата експлозија во Бејрут продолжуваат, иако попладнево Владата предводена од Хасан Диаб поднесе оставка.

Во протестите во Либан кои почнаа неколку дена по експлозијата стотици лица се уапсени, повредени, а еден полицаец е убиен.

Демонстрантите продолжуваат со протетсите иако нивното главно барање беше Владата да понесе одговорност за експлозијата во која загинаа најмалку 160 лица. Тоа и се случи попладнево, кога министерот за здравство Хамад Хасан соопшти дека владата е во оставка.

– Целата Влада поднесе оставка, соопшти Хасан.

Истражен судија денеска почна да ги испитува директорите на безбедносните агенции на Либан за разорната експлозија.

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 160 луѓе, а 6.000 се повредени, додеа 20 се водат како исчезнати. Експлозијата беше предизвикана од 2.700 тони амониум нитрат, складиран во пристаништето во Бејрут пред шест години.

0 Коментари

Остави коментари