Ленче Алексовска: Во денешно време најуспешните светски екипи редовно во својот табор го вклучуваат и спортскиот психолог
Foto

Ленче Алексовска: Во денешно време најуспешните светски екипи редовно во својот табор го вклучуваат и спортскиот психолог

„Спортот е ментална игра. Физичката подготвеност и совладаните техники, нормално, се исклучително важни, но во ситуација на дуел помеѓу две врвни и изедначени екипи или индивидуални спортисти токму психолошкото надмудрување и надмоќ ја прави разликата во конечниот исход. Менталната подготовка на спортистите е само еден од аспектите со кои се занимава спортскиот психолог. Во денешно време најуспешните светски екипи редовно во својот табор го вклучуваат и спортскиот психолог.

Идеално е спортскиот психолог да биде присутен на тренинзите и на натпреварите за да ги поврзе техниката, тактиката и физичка подготовка. Доколку менаџерот, селекторот и капитенот имаат визија за успех, тогаш ќе ве повикаат да патувате со тимот.

Младите треба да инвестираат во себе во повеќе области. 

Врвниот спорт е тежок и непредвидлив, така што една повреда може да ве врати меѓу сите други луѓе, да го урне вашиот сон и да западнете во криза на сопствениот професионален идентитет. Затоа спортистите мора да имаат и план Б. Секогаш ги советувам да спортуваат и да учат. Човекот е роден да се бори, да се менува, да се реализира, да биде модел на другиот, да создава и да почитува вредности. Сето ова го има навиката за спорт.“ - вели за Студио 10, Ленче Алексовска, деканка на Факултеот за физичка култура.

0 Коментари

Остави коментари