Лекот ивермектин од денеска во аптеките
Foto

Лекот ивермектин од денеска во аптеките

Ивермектинот стигна во дел од аптеките, но матичните лекари немаат добиено упатство од здравствените власти како да ги лекуваат пациентите со КОВИД со овој лек.

Претседателката на здружението на приватни матични лекари вели дека станува збор за лек кој прв пат се употребува во земјава и министерството за здравство треба да изготви протколи кога, за кои пациенти и во колкави дози треба да се дава на пациенти.

„Како се дозира, како на почетокот од болеста, како ако пациентот дојде веќе со клиничка слика на бронхопнеувмонија, па би замолила до Министерството за здравство да пуштат до нас допис како здружение. Кога се регистрира нов лек, треба да се добие и нов протокол. Ние немаме добиено никакви упатства.“ - вели д-р Лилија Чолакова Дервишова - Претседателка на Здружение на приватни матични лекари.

Од министерството за здравство пак одговораат дека лекот се дава во три сценарија.

„Ивермектинот се дава кај ризични групи работници коишто имаат висок ризик да заболат, втора група кај луѓе кои што биле во контакт со заболен потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени и кај трите групи на граѓани односно пациенти, има различна индикација и различно дозирање затоа е битно да биде давањето односно апликацијата под контрола на лекар.“ - велат од Министерство за здравство.

Граѓаните пак навалија во аптеките. Дел од фармецевтите со кои разговараше ТВ 24 велат дека постојано добиваат прашања - дали лекот стигнал.

„Имам слушнато мислам дека ќе биде добар по она што го слушаме по телевизиите дека ќе биде добро, но без лекар не би го земале, мора да се консултираме со лекар“

„Имаме слушнато и верувам дека ќе има некои ефекти односно ќе почнеме да го примаме ако не дај боже се разболиме, сега зависи дали ќе го има за сите“

Лекарите предупредуваат дека лекот не смее да се зема на своја рака и дури и за превентива, треба прво да се консултираат со доктор.

Цената на едно кутивче ивермектин со 10 таблети од 3 милиграми ќе изнесува 299 денари. Овој лек може да се зема само со рецепт од матичен лекар или лекар - специјалист. Пред Агенцијата за лекови да ги издаде одобренијата за регистрација и увоз на лекот, зелено светло за употреба кај ковид болните, даде и Комисијата за заштита од заразни болести.

Според дел од нашите пулмолози - ивермектинот го скратува престојот на пациентите во болница, а дава позитивни резултати и во намалувањето на стапката на смртност од вирусот.

Ивермектинот веќе се користи за лекување на пациенти во Австралија и Нов Зеланд. Во Израел пак, се дава и превентивно на докторите кои работат во Ковид центрите.

0 Коментари

Остави коментари