Леклер продолжува со добрите перформанси на „Монца“
Foto

Леклер продолжува со добрите перформанси на „Монца“

Шарл Леклер беше најбрз во првата слободна тренинг сесија пред Гран-при на Италија, 14-тата трка сезонава од Формула 1 шампионатот. 21-годишниот пилот на Ферари го направи својот најсилен круг за 1:27.905 минути на патеката „Монца“, долга 5,793 километри.

Дождот и студеното време им донесоа многу потешкотии на пилотите, откако Серхио Перез со Рејсинг Поинт го удри својот болид, додека многу други пилоти излегоа од контурите на патеката. Црвеното знаме на три пати ја прекинуваше сесијата.

Двојката на Мекларен, Карлос Сајнц и Ландо Норис останаа зад пилотот од Монако, соодветно на 0,306 и 0,545 секунди.

Четврти на дождот во Италија беше Луис Хамилтон од Мерцедес, пред Александар Албон од Ред Бул, но секако разликите не се индикативни за билансот на силите.

Подоцна денеска ќе се одржи и втората тренинг сесија.

0 Коментари

Остави коментари