Лејкерси со кош во последната секунда стигнаа до втора победа против Денвер
Foto

Лејкерси со кош во последната секунда стигнаа до втора победа против Денвер

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа Денвер со 105:103 во финалето од плејофот на Западната конференција. Победничкиот удар во последната секунда го погоди Ентони Дејвис.

Клубот од Лос Анџелес води со 2-0 во серијата прв до четири победи.

Дејвис беше најефикасен во победничкиот состав со 31 поен. Леброн Џејмс постигна 26.

Никола Јокиќ кај Денвер даде 30 поени.

0 Коментари

Остави коментари