Легенда на Јунајтед: Рашфорд се повреди, затоа што не е навикнат да биде резерва
Foto

Легенда на Јунајтед: Рашфорд се повреди, затоа што не е навикнат да биде резерва

Sвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се повреди во средата вечерта против „Волците“ за ФА Купот бидејќи не беше навикнат да биде резерва, тврди легендата на тимот Пол Инс.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ влезе од клупата, но беше заменет 16 минути подоцна, откако доби удар од Мет Доерти.

 

– Маркус е носител на секој натпревар и не мислам дека е навикнат воопшто да биде резервен играч. И јас не мислам дека тој го знае процесот на подготовка на резервен играч пред да влезе во игра. Тој не знае точно како да го спроведе загревањето и на што да стави акцент, пред да влезе на теренот. Тоа е поставување. Тој веројатно не очекуваше да влезе во игра, но одеднаш тимот се најде во позиција да бара задолжителен гол и Рашфорд мораше да се појави на теренот, изјави поранешниот репрезентативец на Англија.

0 Коментари

Остави коментари