Леброн Џејмс ги собори Пеликанс, дебитантот Вилијамсон одличен кај гостите
Foto

Леброн Џејмс ги собори Пеликанс, дебитантот Вилијамсон одличен кај гостите

Тимот на Л.А.Лејкерс го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 122:114 во натпревар од НБА.

Двете екипи разменија по една четвртина, па тимот од Калифорнија замина со предност од два коша на паузата – 63:61. „Пеликаните“, сепак, ја освоија третата четвртина со четири поени разлики и влегоа во последната четвртина со кревко водство, но во неа отстапија пред најдобриот тим на Западот.

Над сите беше нивната sвезда, Леброн Џејмс, кој продолжува да зачудува во својата 17-та сезона во лигата. „Кралот“ заврши со „трипл-дабл“ – 34 поени, 12 скока и 13 асистенции. Кајл Кузма додаде 20 за успехот.

За домаќините, дебитантот Зајон Вилијамсон заврши со најголемо достигнување во својата НБА кариера – 35 поени и 7 скока, но неговите напори се покажаа како недоволни за ништо повеќе од една чесна загуба на Њу Орлеанс.

Тимот е на деветтото место во Западната конференција, каде лидери продолжуваат да бидат Лејкерси. На следните натпревари Пеликанс на домашен терен ги пречекуваат Минесота Тимбервулвс, додека Лејкерси се домаќини на Филаделфија 76-ерс.

Резултати од НБА:

Шарлот – Милвоки 85:93

Минесота-Далас 91:111

Лос Анџелес Клиперс-Филаделфија 136:130

Денвер-Торонто 133:118

Сакраменто-Детроит 106:100

Њу Орлеанс-Лос Анџелес Лејкерс 114:122

Голден Стејт-Вашингтон 110:124

0 Коментари

Остави коментари