Лаптопите биле швајцарска донација за Собранието, не за пратениците
Foto

Лаптопите биле швајцарска донација за Собранието, не за пратениците

Набавката на модерните сто лаптопи во вредност од по илјада евра е дел  од пакетот за  соработка со швајцарската амбасада и е објавена од  од Бирото за јавни набавки - изјави собранискиот спикер Талат Џафери.

Лаптопите се за собраниските служби а не за пратениците, вели Џафери.  Тие се донација и затоа не е платен ддв за нив. Во планот за јавни набавки, соопшти Џафери,било предвидено да се набават сто компјутери за службите на собранието, а не за пратениците.

 

0 Коментари

Остави коментари