Лабораториите прескапи: Министерот за здравство Беким Сали ги замоли да ги намалат цените на услугите
Foto

Лабораториите прескапи: Министерот за здравство Беким Сали ги замоли да ги намалат цените на услугите

Приватно да се тестирате за коронавирусот чини 2.000, на тоа додадено уште 1.800 денари за да направите основна крвна слика заедно со CRP и Димери, вкупно ќе ве чини 3.800 денари по лице.

Четиричлено семејство ако е заразено со коронавирусот ќе треба да издвои нешто повеќе од 250 евра, односно една минимална плата, само за да се тестира и да направи крвна слика. Термини на државно за тестирање речиси и да нема, па на граѓаните им останува да прејдат на оваа варијанта.

Министерот за здравство Беким Сали вели дека пандемијата стивнува, па нема да има конкретни мерки за лабораториите, но ги замоли да ги намалат цените на услугите и да им излезат во пресрет на граѓаните.

Но, бројот на новозаразени во последниве денови не се симна под 2.000 заболени на дневно ниво, па Владата одлучи деновите на изолација да бидат намалени, па доколку сте асимптоматски сучај ќе седите дома 7 дена, а доколку имате симптоми сега наместо 21 ден ќе седите 10 дена, доколу последните три дена немате температура.Но доколу седмиот ден не се чувствувате добро, треба да се јавите кај матичниот лекар и тој да ви ја продолжи изолацијата уште три дена, со што деновите плус ќе ви ги внесе во системот Мој термин.

Во моментов во земјава 90% се заразени со сојот омикрон, додека делта сојот е присутен во 10% од случаите. 

Учениците сепак се враќаат во училишните клупи за четири дена. Второто полугодие ќе започне со физичко присуство, а на учениците ќе им се прават ковид тестови по случаен избор. Според министерот за здравство Беким Сали.

0 Коментари

Остави коментари