„Ла верита“ објавува за вмешаност на Заев во изборни нерегуларности
Foto

„Ла верита“ објавува за вмешаност на Заев во изборни нерегуларности

Италијанскиот весник „Ла верита објави нов материјал во кој тврди дека во 2014 година, за време на изборите, поранешниот премиер Зоран Заев заедно со уште неколку лица, купувал гласови во Струмица.

Од весникот велат дека документите до кои дошле се обезбедени врз основа на посебни истражни мерки за што имало и кривична пријава во обвинителството за организиран криминал. Сепак, како што вели авторот на текстот,  иако предметот досега не бил процесуиран, тој сепак не е застарен.

„Во изминатиов период во Македонија немаше темелна обвинителска истрага поврзана со документацијата анализирана од наша страна, ниту пак имаше неселективен судски процес, базиран на владеењето на правото, кој би ги расветлил начините на владеење и криминалните шеми кои постојат во земјата.“

Од владеачката СДСМ велат дека во 2014 година обвинителство било под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и дека ако се точни обвинувањеата, тогаш тие не само не само што не го процесуирало случајот, туку и не презело ништо. ПремиеротЗоран Заев пак вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ имала некакви докази дека тој бил дел од изборни нерегуларноси во 2014-та година, сигурно ќе го осуделе.

Во текот на летото минатата година, италијанскиот весник „Ла верита“ објави аудио и видео материјали во кој се слушаат гласовите на бизнисменот Орце Камчев, кој е сведок во случајот „Рекет“, но и на Бојан Јовановски и на Катица Јанева, кои се обвинети во истиот предмет.

Неколку месеци подоцна беше објавен нов материјал, овој пат поврзан со „Меѓународниот сојуз“ чиј што претседател е токму Бојан Јовановски.

0 Коментари

Остави коментари