Квалификации за ЕП 2020 - Шпанија подобра од Романија, реми на Ирска и Швајцарија
Foto

Квалификации за ЕП 2020 - Шпанија подобра од Романија, реми на Ирска и Швајцарија

Вчера се одиграа девет натпревари од петтото коло, во кои немаше поголеми изненадувања.

За нас најинтересен беше дуелот во Бер Шева, каде македонската репрезентација ремизираше против домаќинот Израел со 1:1.

Голот вреден бод за„жолто-црвените“ беше дело на Аријан Адеми во 65-тата минута, откако претходно Захави го отвори резултатот. Во понеделник избраниците на Ангеловски играат со Летонија во Рига.

Резултати, квалификации за ЕП 2020, 5.коло:

Од 18:00 часот

Ерменија – Италија 1:3

Од 20:45 часот:

БиХ – Лихтенштајн 5:0

Фарски острови – Шведска 0:4

Финска – Грција 1:0

Гибралтар – Данска 0:6

Република Ирска – Швајцарија 1:1

Израел – Македонија 1:1

Норвешка – Малта 2:0

Романија – Шпанија 1:2.

0 Коментари

Остави коментари